Ефектите од субвенциите се рекорден извоз на храна

Bez autora
Mar 20 2014

Ефектите од субвенциите во земјоделството може да се видат преку зголеменото производство и извозот на земјоделски производи. Рекордниот износ на субвенции кои се исплатени од 2006 година до сега резултираа со рекорден извоз на прехранбени производи, кој лани достигна нешто повеќе од половина милијарда долари. Во 2013 година се извезени земјоделски производи во вредност од 504 милиони евра. Ова е за 20% зголемена вредност во однос на 424 милиони евра извезени во 2010 година. Вредноста на земјоделското производство континуирано се зголемува и изнесува над една милијарда евра. Според последните достапни податоци во 2011, земјоделскиот производ е вреден 1,16 милијарди евра.

Ефектите од субвенциите се рекорден извоз на хранаЕфектите од субвенциите во земјоделството може да се видат преку зголеменото производство и извозот на земјоделски производи.

Рекордниот износ на субвенции кои се исплатени од 2006 година до сега резултираа со рекорден извоз на прехранбени производи, кој лани достигна нешто повеќе од половина милијарда долари.

Во 2013 година се извезени земјоделски производи во вредност од 504 милиони евра. Ова е за 20% зголемена вредност во однос на 424 милиони евра извезени во 2010 година. Вредноста на земјоделското производство континуирано се зголемува и изнесува над една милијарда евра. Според последните достапни податоци во 2011, земјоделскиот производ е вреден 1,16 милијарди евра.

Во периодот од 2006 до 2013 година наменети се вкупно 640 милиони евра субвенции за поддршка на аграрот, а досега на земјоделците им се исплатени вкупно 590 милиони евра. Исплатата за 20132 година се уште е во тек и согласно законските одредби ќе продолжи во текот на оваа година.

Конкретно за 2013 година се предвидени 135 милиони евра финансиска поддршка за земјоделците, преработувачите и жителите на руралните средини. Најголем дел од средствата, 115 милиони евра, ќе бидат распределени како директни плаќања за поддршка на приходот на македонските земјоделски стопанства, 60% проценти насочени кон конкурентните и извозно ориентирани земјоделски производи како производството на тутун, зеленчук, овошје, овчарството и козарството, производството на грозје и вино, оризот, органско производство, пчеларство и за воведување на стандарди за квалитет.

Земјоделците, агробизнисмените и експертите се согласни дека владината поддршка е во вистинска насока. Доколку се направи споредба со изминатите години разликата во поддршката е огромна. Во 2005 година субвенциите изнесувале само пет милиони евра, а во 2006 година само седум милиони евра. Голем скок се бележи во последните неколку години, односно од 2010 година па навака. Ако во 2010 година земјоделците добија 100 милиони евра државна поддршка, во 2011 година таа се зголеми на 110 милиони евра, за да во 2012 година достигне 130 милиони, а за минатата година рекордни 135 милиони евра. Во буџетот за 2014 година, за земјоделците се предвидени 140 милиони евра за субвенции.

И покрај светската криза кога голем број земји ги одложија или ги намалија субвенциите, Владата во континуитет ги зголемуваше субвенциите за земјоделците.
Според претседателот на асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев, ако сакаме поголем раст на земјоделството, треба да се даваат и поголеми субвенции. Тоа го покажува и растот на земјоделското производство и извоз на храна во последните неколку години.
- За поголеми субвенции треба повеќе време. Сите мерки што се преземаат за млади земјоделци, и воопшто за земјоделците, се е насочено кон тоа повеќе луѓе да се занимаваат со производство на земјоделски производи. Ако не беа субвенциите пола од луѓето што решија да се посветат на аграрот, немаше ни да започнат. А целта е да се зголеми земјоделското производство, смета Шаклев.

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, нема отстапки од аграрната политика. Во наредните 5 години на сметките на земјоделците предвидено е да легнат 720 милиони евра.
- Стратегијата е за пет години земјоделското стопанство да се поддржи со 720 милиони евра. Процесот на реализација е започнат. Веќе се исплатени поголем дел од средствата предвидени за 2013 година. Тоа не би го правеле ако гледаме дека нема ефект, напротив тутунот од кој влегуваат најмногу средства во буџетот годинава ќе го поддржиме со над 30 милиони евра. Како се зголемува фондот за субвенции така се зголемува и стапката за субвенционирање на одредена гранка или производ вели министерот.

Во изминатите години повисоки субвенции од претходно во континуитет беа обезбедени за најважните земјоделски култури - тутунот, полјоделските култури, винските и овошните насади, градинарските култури, производството на млеко, овчарството, говедарството, свињарството и пчеларството. Истовремено, навремено и интервентно со дополнителни мерки во овој период се поддржаа градинарите, производителите на ориз, земјоделците кои претрпеа штети од поплави како и поддршка за винариите односно секторите што беа погодени со неповолните временски или пазарни околности.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik